Обвинетиот Бојан Јовановски во случајот „Рекет“ имал честа комуникација со пратеничката на СДСМ Фросина Ременски. Во една од пораките Ременски му вели дека Апелација ќе одреди притвор за Камчев на што тој и враќа „Не”.
Дај боже, пишува пратеничката.
Сепак најинтересната порака е кога Ременски му пишува да гледат пренос од собраниска седница која се емитува на МТВ, каде што се говори за неговиот случај.
Сега зборува З.З, направи катастрофа, му пишува Ременски на Боки.