сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ременски незадоволна од излезноста на гласањето, повика на партиско обединување

Ременски незадоволна од излезноста на гласањето, повика на партиско обединување

Кандидатата за претседател на СДСМ Фросина Ременски, вечерва, по завршувањето на гласањето на вонредните внатрепартиски избори, рече дека воопшто не е задоволна од излезноста на членството и дека тоа е можеби многу поважно од резултатот на изборите.

Според неа, сите од партијата ќе треба да се обединат околу тој што ќе победи.

Ременски очекува, како што изјави, да излезат на површина прашањата кои ќе и помогнат на СДСМ да ги надмине предизвиците пред кои е исправена.

-Од она што го слушам и од Централната изборната комисија, воопшто не сум задоволна од излезноста на нашето членство. Тоа е сериозно прашање за една внатрепартиска дискусија во однос на она што го очекуваме и како исход и како резултат. Можеби не се толку важни резултатите, како прашањето зошто нашето членство одлучи да не излезе на изборите. Имам забелешки и ќе ги кажам. Мислам дека токму од тие прашања треба да тргне недекларативната залоожба за обединување. Верувам и знам дека предноста секако ја имаше Ковачевски. Ќе ги слушнам резултатите, ќе му подадам рака и ќе му посакам се најдобро, ќе му порачам да се погрижи многу повеќе за она што значи партиска работа, обединување на партијата. Се надевам дека после вакви резултати ќе може да направи многу повеќе и можеби ќе се отвори онаа дискусија во партијата дали е возможно премиер и претседател на партија да менаџира вака сериозни процеси, истакна Ременски.

Најнови вести