Екс-потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски, на својот Фејсбук профил објави текст во кој зборува за судбината која ја очекува шефицата на обвинителството Вилма Рускоска, а која според неа ќе се случи на полош начин од она што и се случи на Катица Јанева.
Во еден дел од статусот Ременски потсетува и на случка од некој скопски ресторан во кој Рускоска заедно со Бојан Јовановски – Боки 13 ја пееле во дует песната „Шеќерна, шеќерна…“ за што сведоци биле 30-тина луѓе меѓу кои и две обвинителки.
Ременски сведочи и за смс-порака која ја добила од Рускоска како замерка за критиките кои ги упатила на сметка на работата на обвинителството. Ременски, која Рускоска ја нарекува „обвинителка со удбашка поддршка“, молчеше за сите овие работи се додека „мечката не заигра“ и кај неа, па стана предмет на обработка на Вилма Рускоска.
Целиот статус може да го прочитате на овој линк: