Обвинетата во случајот „Меѓународен сојуз“ Фросина Ременски на денешните завршни зборови во Основниот Кривичен суд Скопје потенцираше дека не учествувала во проектот за старечки домови, а најмалку била запознаена со финансиската вредност на истиот.
-Наводите дека сум била угледна личност не се доволен доказ за да бидам обвинета. Судот не ги зел во предност сите учесници во овој процес и нивните врски со многу институции на локално и државно ниво. Силјан Мицевски на прашање пред бранителот, одговорил дека Фросина Ременски и Александар Кирацовски не влијаеле врз никој, ниту таа ја договорала цената на овој договор, рече Ременски.
Таа вели дека не договарала и преговарала и дека не е автор ниту потписник на договорот и дека покрај ова потполно неоправдано и неосновано ја обвиниле неа.