На граничниот премин „Богородица” почна „лепењето“ на таблите со новото уставно име на Македонија- Република Северна Македонија.
Новото име, Република Северна Македонија стапи на сила од вчера со пристигнувањето на Вербалната нота од грчкото МНР и објавувањето во Службен весник.
Таблите на граничните премини на кои е напишано името на државата се планира да бидат променети во текот на денот, најави директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски.
-Плaнираме сите да бидат променти денеска, со оглед на можностите на фирмите за одржување што треба да го направат тоа, а со кои Царинската управа има склучено договор. Јавниот настан ќе биде на граничниот премин Богородица, додека на другите гранични премини промените ќе бидат направени во текот на денот, изјави Танасоски одговорајќи на новинарски прашања пред презентацијата на курсеви за електронско учење.
Тој појасни дека поради тоа што времето е кратко за спроведување тендерски постапки, а согласно заклучоците на Владата предвидено е таблите да бидат променети каде што е можно со налепници, а каде е можно со монтирање други табли, за да се исолни обврската во рок од три дена да бидат променети таблите на граничните премини со новото име Република Северна Македонија.
Фото: Мкд.мк