петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

“Република”: Заради политика и политички монтиран прогон отфрлени аргументите на ЕУ за случајот “Актор”

“Република”: Заради политика и политички монтиран прогон отфрлени аргументите на ЕУ за случајот “Актор”

Случајот „Актор“ кој вчера го отвори Специјалното Јавно Обвинителство, со кој сомничи функционери за перење на пари, местење на тендер и корупција е веќе оценет како целосно чист од страна на Европската Комисија и нејзините истражувачки тимови, покажуваат документите до кои стигна Република.

На  вчерашната прес конференција СЈО соопшти дека ја отворило истрагата „Актор“ за изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица. Десет физички и четири правни лица се сомничат за злоупотреби при доделување на тендерот за изградба на делницата долга 28,2 километри.

Поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот министер Миле Јанакиески се сомничат дека ја фаворизирале грчката фирма „Актор СА“ на објавениот меѓународен тендер, и покрај тоа што италијанската компанија „Тото“ доставила најповолна понуда за изградба на автопатот.

Грчката фирма, идентично како и италијанската „Тото“, според СЈО не го задоволувала критериумот како понудувач да имаат завршено еден проект во вредност од 250 милиони евра.

-На тој начин, осомничените лица му овозможиле на „Актор СА“ да прибави значителна имотна корист во износ од 480.412.974 денари – изјави специјалната обвинителка Фатиме Фетиа.

Дополнително, СЈО во новоотворената истрага се сомнева и за перење пари што се спроведувало преку четири компании при самата изградба на автопатот Демир Капија – Смоквица. Во повеќе наврати во периодот од 2012 до 2016 година биле исплатени износи од сметките на Актор АДТ Подружница Скопје кон сметките на правните лица Глобал Констракшн Компани, Топометрија и Инвикта во вкупен износ од 31.856.811 евра.

Грчкото обвинителство уште во 2017 година ја започна постапката против фирмата „Актор“ за перење пари во висина од 50 милиони евра при изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица. Тамошната постапка е покрената врз основа на спроведената истрага од Европската канцеларија за борба против измами – ОЛАФ.

Република ексклузивно стигна до истрагата на ОЛАФ, која потврдува дека тука нема никакво местење и перење на пари, документите ги објавуваме подолу во овој текст.

-Нашите документи, изготвени за Европската Комисија, потврдуваат дека случајот е чист и целата постапка е потврдена од страна на истражувачите на ОЛАФ. Уште во почетокот целокупната постапка за избор на компанија но исто така и подготовката на целокупната тендерска документација била работена заедно со претставниците на европската делегација и банките. Во ваквите случаи корупција е практично невозможна, затоа што парите за изградба се кофинансирани од ЕУ, пишува порталот.

Тендерското досие било подготвено од меѓународна компанија која била ангажирана согласно насоките на Европската комисија т.е Законот за јавни набавки кој е усогласен со регулативити и директивите на ЕУ кои се однесуваат на јавните набавки по пат на меѓународен отворена постапка.

Во исто време, доколку одговараат осомничените, логиката вели дека треба да одговара и тогашниот Евроамбасадор во Скопје, Аиво Орав, затоа што тендерот бил мониториран и одобрен од страна на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија  на 16 август 2011 година. Во исто време, тендерот бил објавен на официјалната страница на ЕК на 15.2.2011 година.

Додека траела целата процедура, одлуката дека најдобар понудувач е „Актор“, со издвоено мислење ја одобриле и набљудувачите од ДЕУ во Скопје, така и ЕИБ на 14.5.2012 година со допис го одобриле извештајот за спроведената евалуација и потврди дека целокупната спроведена постапка е во согласност со пропишаните правила на Европската комисија.

Изворот кој на РЕПУБЛИКА потврдува дека целата процедура е одобрена од ЕУ, ни достави и документи од последната ревизија на проектот, нарачана од Европската Комисија.

-Затоа што моите служби не идентификуваа нерегуларности во трошењето на пари, јас сум во позиција да ве информирам дека нема да се направи финсиска корекција како прплжение на гореспомената истрага на ОЛАФ. Според тоа истрагата се затвора – ја известува директорот на ОЛАФ, Марк Леметр, Европската Комисија, во документот пратен на 03.08.2017 за истрагата која е почната во 2014.

Дали ова е доказ дека СЈО води политичка хајка, без притоа да го земе в предвид извештајот на телото на ЕК, ОЛАФ, прашува РЕПУБЛИКА.

Во продолжение, истражителите на ОЛАФ на Европската Комисија преку Анекси на извештајот и кажуваат дека целата процедура околу изборот и финансиското работење на „Актор“.

Целата документација погледнете ја на РЕПУБЛИКА

 

Најнови вести