Денес од 9 часот изутринава, неколку часа беше блокиран регионалниот пат за Струмица кај клучката во близина на Смоларе. Производителите се незадоволни од откупот на бостан.
Цената падна под 3 денари, а земјоделците велат дека откупната цена не ги покрива ниту основните трошоци.
Тие се жалат и на игнорантскиот однос на Владата и Министерството за земјоделство, кое не им помага во решавањето на проблемот со откупот.
-Претставуваат лажна слика, додека ние ќе го фрлиме бостанот бидејќи не се исплати да го даваме без пари. Имаме министер кој не знае ниту З од земјоделие, вели 45 годишниот Трајко Митрески производител на бостан од струмичко.
-Мораме да блокираме, маката не тера, мора да се сврти вниманието за нашиот проблем бидејќи владата не` игнорира, вели Трајко Терзиевски од Струмица.
Министерството за земјоделство и министерот Љупчо Николовски засега се на ставот дека нема посериозни проблеми со откупот на бостан и дека ја следат ситуацијата на дневна основа.