Како што претходно во изјава за медиумите Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ објави дека СДСМ ги шиканира вработените во МВЗШ и истите добиле прераспределба, еден од вработените во оваа институција објави свој статус на Фејсбук.
Станува збор за Кире Михајлов кој бил прераспределен од Струмица во Радовиш.
-Директорот на #МакедонскиШуми Зоран Ѓорѓиев да не остане покус, следејќи ја праксата за едно општество за сите граѓани што ја практикува и министерот Трајан од МЗШВ со шумската полиција и останатите вработени овие денови, еве “ме почести” и мене со решение за прераспоредување од Струмица во Радовиш!
Туку, Зоране, знаеш што, не Радовиш, ако сакаш прати ме и Бистра накај Кичево или Шара во тетовско-гостиварско, или ајде еве кои планини ти се тебе мерак, тие прати ме да ги видам, нема да ме уплашите, уште помалку ќе ме замолчите, напротив ми давате елан и ме стимулирате уште пожестоко, поотворено и посилно да бидам секаде во првите редови и со земјоделците, и со шумарите и со сите граѓани на нашата #Македонија и заедно со нив да се борам што побрзо да си заминете.
Туку, Зоране, една работа ни е јасна мене, тебе и на целиот #Македонски народ, а тоа е дека Вашето време помина, еве одминуваат и последните денови од времето во кое како во државата, така и во шумарството владее хаос и расипништво во кој не се знае кој јаде, кој пие, ама Зоране, доаѓа денот кога ќе ги положите сметките за сето малтретирање, неработење, трошење и секако си знаете Вие убаво за што уште?!?
И за крај, Зоране, штетата што ја направивте и ја правите е голема, огромна, но затоа
#ДоаѓаОбноватаНаМакедонија
#МакедонијаВечна, стои во неговиот пост на Фејсбук.