Не стивнува поддршката што ја добива оперскиот првенец Игор Дурловски, кој е во притивор од 5 декември, поради настаните вод 27 април во Собранието. Интелектуалци, професори и уметници со кои соработувал во годините плодна кариера и како оперски печај и како директор на МОБ, повикуваат на разум и праведност во случајот на Дурловски.
Џанкарло дел Монако е еден од најпознатите режисери во светот, син на легендарниот тенор Марио дел Монако, кој во Скопје ја постави операта „Турандот“ во времето кога на чело на МОБ беше токму Дурловски.
Утрово и тој испрати видеопорака во која побара правда за Дурловски.
“Јас сум Џанкарло дел Монако. Барам правда за Игор Дурловски. Го познавам Игор Дурловски многу добро. Тој е прекрасна личност, татко, сопруг и пријател, и беше многу, многу добар директор на Операта во Скопје. Верувам дека е затворен без никаква причина. Барам правда за Игор. Мислам дека во Европа нема можности за земји кои не ги почитуваат човековите права. Поради тоа, протестирам против она што се случува со Игор Дурловски“.
Режисерот Џанкарло дел Монако на сцената на Македонската опера и балет ја постави „Турандот“. Дел Монако дебитира на оперската сцена во 1965 година, кога во Сиракуза ја постави „Самсон и Далила“. Неговите оперски продукции се поставуваат насекаде низ светот, на сцените во Берлин, Монако, Виена, Цирих, Барселона, Мадрид… Режира и на сцената на њујоршката опера „Метрополитен“, каде што дебитира во 1991 година. Добитник е на низа значајни оперски награди за своите режиски видувања на најпознатите музичко-сценски дела.