Зошто Прилепчани на 15- ти ќе го казнат СДСМ:
-затоа што ни донесоа најголем срам и предавство во историјата на Прилеп-градот херој
-затоа што брзата експанзија, проекти, инвестиции и развој на градот ги запреа до максимум
-затоа што сè што беше претходно изградено, не се способни да го одржуваат и брутално го уништија
-затоа што Прилеп од најчист град во државата, го претворија во највалкан (исто како што ја извалкаа и општинската зграда)
-затоа што ЈП ги претворија во партиско-непотистички филијали на грбот на граѓаните
-затоа што ја зголемија цената на водата и услугите на грбот на граѓаните
-затоа што од најмирен град го претворија во криминален-Теxas град на рекет и страв
-затоа што наместо индустриските зони да ги преполнат со нови фабрики и инвестиции, тие го преполнија градот со летни бавчи на своите моќници
-затоа што Прилеп од град полн со млади и живот, постепено го претвораат во напуштена паланка
-затоа што го уништија спортот во градот
-затоа што уништија прекрасни манифестации со кои се гордеa Прилепчани
-затоа што наместо повисок животен стандард, донесоа невработеност, сиромаштија, мизерија, затворени дуќани
-затоа што бессрамно ги задолжија идните генерации
-затоа што потонаа во сопствениот криминал и корупција
-затоа што сè што ветија, сè излагаа
Затоа почитувани Прилепчани 15-ти e денот кога ќе ја добијат пресудата, прво од народот, a потоа и од институциите….никогаш повеќе СДСМ, никогаш!!! Прилеп и Македонија предводени од ВМРО-ДПМНЕ се обединуваат за ОБНОВА!, пишува во својата Фејсбук објава поранешниот градоначалник на Прилеп Марјан Ристески.