вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ристески: Гасификацијата започна како проект на ВМРО-ДПМНЕ и ќе заврши како реализиран проект од страна на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ

Ристески: Гасификацијата започна како проект на ВМРО-ДПМНЕ и ќе заврши како реализиран проект од страна на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот градоначалник на Прилеп и актуелен претседател на комисијата за локална самоуправа Марјан Ристески на својот Фејсбук профил сподели статус во кој пишува дека гасификацијата започна како проект на ВМРО-ДПМНЕ и ќе заврши како реализиран проект од страна на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ.

-Гасификацијата започна како проект на ВМРО-ДПМНЕ и ќе заврши како реализиран проект од страна на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што следува обнова на Македонија после 12-ти Април во која е предвидено:

-гасот да биде достапен до голем број општини, населени места, домаќинства, компании…;

-градовите кои до сега мака мачеа со загадениот воздух (со импровизираните и различни енергенси кои ги користеа до сега, со цени кои и не беа многу поволни за џебот на граѓаните, но беа и главен проблем за компаниите кои изнаоѓаа најразлични непопуларни начини за греење) во иднина ќе имат одлична можност да се вклучат на гасоводната мрежа која ќе биде достапна до најголем број населени места и жители во Македонија;

-не само што ќе биде намален животниот трошок за греење на домовите, туку куриозитет ќе биде и “БЕСПЛАТНИОТ ПРИКЛУЧОК“ на гасоводната мрежа за секој заинтересиран граѓанин (да напоменам висината на средствата за приклучок и не се така ниски, а тоа најдобро го знаат граѓаните на Струмица, кои имаат некоја си промашено-импровизирана гасификација);

Со целосната гасификација не само што ќе се постигне подобрување на животниот стандард – лајтмотивот на истата е повеќекратен:

-намалување на загаденоста на воздухот и почиста животна средина;

-сузбивање на уништувањето на шумите (дрвокрадството и неконтролираното сечење шума);

-намалување на заболувањата;

-покункурентна економија, со пониска цена на производите;

-државава ќе биде попривлечна за инвестиции, а општините ќе бидат понапредни и ќе се приближат на европските стандарди за живот!, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Најнови вести