На 27-ми и 28- ми октомври во Македонски Брод ќе се одржи Фестивал на костенот. Фестивалот започнува вечерта на 27-ми октомври со програма наречена “Ноќ на костенот” со почеток во 20 часот. Вечерта ќе биде збогатена со забавна музичка програма, ова денеска преку Фејсбук статус го пишува градоначалникот на општината Македонски Брод, Жарко Ристески.
„Фестивалот продолжува на 28 -ми октомври со изложба во Домот на култура – “Златен костен” во 10 часот.
Следува дефиле низ градот за да централниот дел од манифестацијата се одржи на плоштадот, каде ќе може да се вкуси поречкиот костен, негови производи и други еколошки производи од овој крај, придружено со богата културно уметничка програма и присуство на многу гости“, стои во неговиот пост на Фејсбук.