четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ристески: Не политика, туку човечкиот живот пред се!

Ристески: Не политика, туку човечкиот живот пред се!

Поранешниот градоначалник на Прилеп Марјан Ристески сподели статус на Фејсбук поврзан со коронавирусот.

-НЕ ПОЛИТИКА, ТУКУ ЧОВЕЧКИОТ ЖИВОТ ПРЕД СЕ’!
Eве сега, кога сме нападнати од Корона вирусот и многу луѓе од Прилеп и регионот, вклучувајќи го и Ромското население, сега кога максимално e загрозено здравјето и граѓаните се отпуштаат од работа, повторно гледаме слики на партиски “лешинари” од СДС. Истите тие, брутално безобразно, под изговорот хуманитарни пакети, сакаат да купуваат Ромски гласови, односно гласовите од најзагрозените граѓани во државава, воопшто не внимавајќи на заштитата на нивниот живот и нивното здравје!!!
Почитувани сограѓани, почитувани Роми, чувајте го своето здравје ПРЕД СÈ. Не ставајте го на коцка вашиот живот за тесно партиски интереси на СДС и не двоумете сe: внимателно заштитени, мудро земајте им ги пакетите што Ви ги нудат – заслужени ви се! Тоа се пакети од вашите пари, земете ги и со здравје да си ги трошите! А кога идат и ви тропнат на врата, не заборавајте да ги прашате зошто не им е грижа за вашето здравје во овие специфични услови, зошто ви делат пакети без да бидете заштитени и зошто тие доаѓаат со комплетна заштита!?!?
Потсетете ги и прашајте ги до каде е нивната ветена минимална плата или ветено вработување пред изборите, прашајте ги за непотизмот и партиски вработувања и дали имаат план да отворат барем една нова фабрика или да имате и вие можност да се вработувате нормално како и тие. Вака само си играат со вашето здравје, вашите чувствa и достоинство во оваа специфична ситуација- во ек на опасна болест и пред претстојните избори?!?
P.S: Господа од СДС! Доколку сте големи хуманитарци како што сакате да се прикажете, тогаш зошто мистериозно обезбедените пакети не ги подаривте на Црвен крст или Црвената полумесечина, па тие да ги поделат на народот? Нели хуманост е во прашање и нели во овие моменти поважна ви е заштитата на човечките животи, пред партиските интереси?!?, прашува Ристески.

НЕ ПОЛИТИКА, ТУКУ ЧОВЕЧКИОТ ЖИВОТ ПРЕД СЕ’!Eве сега, кога сме нападнати од Корона вирусот и многу луѓе од Прилеп и…

Gepostet von Марјан Ристески am Dienstag, 14. April 2020

 

Најнови вести