На денешната седница во собранието пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески во однос на предлог на дополнување на законот за јавните набавки исјави дека Венко Филипче го прекршил законот за јавни набавки со авансното исплаќање на целосната сума на 200 илјади кинески вакцини.
-По основ на овој предлог на дополнување на законот за јавните набавки со предложените измини на законот за јавни набавки не можам никако да се согласам од повеќе причини. Во самиот вовед појаснувате дека одредени одредби на законот за јавни набавки кои се вообичаени при нормално функционирање на пазарот на јавни набавки во услови на пандемија на ковид 19 создаваат потешкотии и не можност за реализирање на набавките на вакцини против ковид 19. Додека во предложените измени го вклучувате терминот сите постапки за јавни набавки кои се директно поврзани со постапките за справување со пандемии или епидемии и заразни болести, што секако не е исто и вклучува многу поширок спектар на стоки како маски респиратори лекови средства за дезинфекција што воопшто не е исто, истакна Ристески.
Пратеникот Петар Ристески во однос на предлог на дополнување на законот за јавните набавки изјави дека Венко Филипче го прекршил законот за јавни набавки со авансното исплаќање на целосната сума на 200 илјади кинески вакцини.
-Со предложената измена на законот за јавни набавки вие предлагате измена во дел 5 од законот за јавни набавки кој што се оденесува на средствата за обезбедување на догооврот за јавна набавка поточно измена на член 103 со додавање на нов став 4 со кој се суспендираат претходните два става 2 и 3 кој ќе овозможи исплата на аванс поголем од 20 % од вредноста на догооврот и ослободување од обврска за обезбедување гаранција за авансно плажање за постапките за јавни набавки кои се директно поврзани со мерките за справување на пандемии.
Тоа значи дека вие создавате услови за можна поголема корупција и криминал при реализација на јавните набавки од овој вид. Вака поставената измана не е чесна бидејќи се прави замена на тезите. Јас би прашал како ако ова не можеше да се направи без овие законски измени што допрва се носат како ова го направи министерот за здравство Венко Филипче и префрли авансно 12,5 милиони евра на фирма регистрирана во Хонг Конг за набавка на кинеските вакцини? Авансно ја исплати не 20 % туку целата сума за 200 000 вакцини. Дали со ова Филипче извршил против законско плаќање? Дали со ова го пректршил законот за јавни набавки? Го прекршил и за тоа треба да одговара. Го повикувам обвинителството Јовавски, Рускоска да го испитаат ова плаќање авансно за 12 ,5 милиони евра незаконски,
petar нагласи Ристески.