Поранешниот градоначалник на Прилеп, со фејсбук статус се огласи на својата фејсбук страница во врска со Карпалак. Тој се потсети на тој ден, статусот ви го пренесуваме интегрално:
Херои прилепски, јунаци македонски.Задоволство беше да се борам рамо до рамо со Вас мои соборци од Карпалак, но и многуте други бранители кои застанаа на браникот на татковината во тежок период. Достојно спроведуваќи ја нашата граѓанска обврска да си ја браниме државата ,заминавме горди и во занес од љубов кон Македонија, која и ден денес ни е се!
За жал 10 мина од нас не се вратија, положуваќи ги своите млади животи за Македонија, за сите нас кои денес живееме во неа.Ги оставија своите блиски во вечна тага и непребол и тие треба да бидат горди на нив за нивната храброст и жртвата што ја дадоа за нашата Македонија!
Злосторниците кои кукавички не нападнаа од заседа се надеваме дека еден ден ќе бидат изведени пред лицето на правдата и пред Бога , ќе платат за овој кукавички чин и злостор што го направија.
Браќа! Засекогаш ќе бидете во нашите срца , почивајте во мир херои наши!
Да изразам сочуство и почит и на нашите браќа соборци кои починаа и после овој настан и за жал ги нема со нас на овој голем ден 8 Август.Ги нема заедно да тагуваме, да оддадеме почит, да се сеќаваме на овој ден , ден кој со крв е испишан во историјата на Прилеп и нашата Македонија.
Секоја чест и почит на семејствата на загинатите , почит на преживеаните херои од овој настан кои секогаш се спремни како и во 2001 да застанат на браникот на татковината , која заедно со нас е во вечна борба за правда и опстој…
Македонија да ни е вечна !
Да е вечен споменот за Карпалак !