Денес гледаме како преку овој финансиски план на Регулаторната комисија за енергетика, власта располага и ги троши народните пари, парите на граѓаните. Ова е „Селото гори, бабата се чешла“. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика ни доставува финансиски план, во енергетска криза, од 4 кризи кои ги имаме во државата 2 се од неговиот сектор, енергетска и топлинска криза, а доставува план со кој ќе си се луксузира колку сака и како сака, истакна од Собранието пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески.
Тој на пратениците од власта им порача дека треба конечно да се стави крај на ваквото однесување на претседателите и комисиите кои се однесуваат неодговорно со народните пари.
-Овој извештај, откако постои РКЕ е со највисок износ на расходи. Скоро 92 милиони денари, што е зголемување за 15,86% во однос на претходната година, а дури цели 10 милиони денари повеќе од работата на претходниот состав на Регулаторна, истакна тој.
Целиот говор на Ристески на оваа тема, слушнете го во продолжение: