петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ристевска Јорданова: Поставеното европско знаменце на коридорите кое е со цел да се избегне дебатата и филибастерингот од опозицијата не доведува во ситуација воопшто да не разговараме за усогласување со правото на ЕУ

Ристевска Јорданова: Поставеното европско знаменце на коридорите кое е со цел да се избегне дебатата и филибастерингот од опозицијата не доведува во ситуација воопшто да не разговараме за усогласување со правото на ЕУ

Во вечерашното гостување во Централниот Дневник на Телевизија Сител во „Тема на денот“ гостуваше Малинка Ристевска
Јорданова од институтот за европски политики. Во однос на законските измени за коридорите 8 и 10Д кои се во Собранието по скратена постапка, таа посочи дека тие измени под никој случај не смеат да бидат под европско знаменце.

„Овие измени под никој случај не можат да бидат под европско знаме затоа што со нив практично не се врши усогласување со правото на ЕУ, напротив дури се оди чекор назад на одредени решенија на одредени закони“, рече Ристевска Јорданова.

Таа истакна дека се има една негативна спирала на злоупотреба на европската агенда за чист политички прагментизам.

„Не може да стане воопшто тука збор за усогласување со правото на ЕУ, туку за една веќе поставена лоша практика на користење на злоупотреба на знамето на ЕУ за од политички прагментизам да се помогне нешто за да се избегне дебатата и филибастеринг од опозицијата“, кажа Ристевска Јорданова.

Таа посочи дека со злоупотребата на ЕУ знаменцето се доведува во прашање и усогласувањето со правото на ЕУ.

„Начинот на кој сега се користи тоа ЕУ знаменце не доведува во ситуација не да разговараме со усогласување со правото на ЕУ туку за буквално користење на знаменцето по потреба, а воопшто не станува збор за едно сеопфатно усогласување со правото на Европската Унија“, вели Ристевска Јорданова.

Најнови вести