четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ристовски: „Не постои ниту еден единствен доказ дека сум учествувал во создавање некаков план за 27-ми април“

Ристовски: „Не постои ниту еден единствен доказ дека сум учествувал во создавање некаков план за 27-ми април“

„Обвинителството во обвинителниот акт и воведните зборови обвинуваше дека ние на почетокот на 2017 година по неуспешните преговори за формирање на Влада сме изготвиле план со намера да го загрозиме уставниот поредок и безбедност на Република Македонија, а во однос на тој план, дејствието кое сум го превземал е непосредно и секојдневно, сум ги контактирал и координирал градскиот комитет и Месните комитети на партијата како и организаторите на протестите.“, потсети Спиро Ристовски на денешните завршни зборови за т.н. организирање на случувањата на 27-ми април.

Ристовски потенцира дека за да го докаже сето ова, обвинителството обезбедило само вербални искази од 9 сведоци од кои 8 сведоци пред овој суд ниту го посочија Ристовски, ниту имале сознанија, знаеле или слушнале дека тој непосредно и секојдневно ги контактирал и координирал комитетите и организаторите на протестите, ниту за тоа дека се грижел во кој град кога започнува протестот.

Тој посочува на површниот пристап на обвинителството во однос на обид за докажување на нивната (стара) верзија на настаните.

„Во 2017 година на територијата на Република Македонија функционирале 76 општински комитети со 1.138 месни и 2.248 комитети на избирачко место. Додека во Градскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ – Скопје членови беа претседателите на Општинските Комитети на Град Скопје односно вкупен број 12. Од сите 9 сведоци на Обвинителството ниту еден не е претседател на овие комитети. Обвинителството не сослушало ниту еден единствен претседател на органите на партијата за да го потврди дејствието што ми се става на товар.“

Ристовски потсети дека токму поради ваквите постапки на обвинителството, тој и неговите адвокати повикале 102 сведоци претседатели на општински, месни и градски комитети и ниту еден од нив не потврдил дека е вистина она што го тврдеше Рускоска.

Токму затоа Рускоска и ги промени дејствијата кои му ги става на товар на Ристовски, па сега го терети дека направил тероризам со „грижење за тоа кога започнувале протестите во секој град“.

Ристовски го коментира ваквиот начин на постапување на обвинителството предводено од Рускоска.

„Согласно Кодексот за работа на јавните обвинители, етичка одговорност на обвинителот е да обезбеди точно сведочење и докази со кои ги докажува обвиненијата, а етичка должност е да презентира целосни, а не парцијални факти, измислици или пристрасни обвинувања..

Би сакал да истакнам дека Обвинителството не презентираше НИТУ ЕДЕН ДОКАЗ, НИТУ МАТЕРИЈАЛЕН НИТУ ВЕРБАЛЕН ДОКАЗ за да докаже дека јас со другите обвинети сум учествувал во подготовка на некаков план.“

Најнови вести