четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

РКЕ утре ќе ги соопшти новите цени на горивата

РКЕ утре ќе ги соопшти новите цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика утре напладне треба да ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноч.

Минатата недела имаше намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41 отсто.

Бензините поевтинија за половина денар за литар, додека цената на дизелот остана иста.

Со тоа малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59, а ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава за 61 денари за литар. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) останаа 50,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,109 денари за килограм се намали и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и изнесува 26,754 денари.

Останува да видиме дали не чека ново намалување на цените и утре.

Најнови вести