Аналитичарот Роберт Несими во однос на последните случувања во ИВЗ, во „Топ тема на ваша страна” на ТВ Телма истакна дека во моментов воопшто не е важно колку реисот има поддршка.
Една политичка партија или пак, власта импонира свој фаворит за местото за реис, што директно се коси со законот.
-Не е веќе битно што ќе каже СДСМ. По вчерашната прес конференција на реисот во која што тој директно го обвини СДСМ, се доби перцепција дека тој е во директна борба со СДСМ и Заев лично. Велам СДСМ, затоа што од другата страна ДУИ се оградува и малце на смешен начин апелира до Владата. Вицепремиерот апелира до Владата, а тој е клучна фигура таму. Поентата е дека имаме спротивставени позиции на СДСМ и ДУИ и како и да е ова ќе им се врати како бумеранг. Ова не е завршена работа и воопшто не му требаше на СДСМ. Наскоро ќе видиме каков тек ќе добие, изјави Несими.