Денеска се одбележуваат 57 години од разорниот земјотрес кој го срамни со земја Скопје во 1963-та година.
„Зградата на улицата Орце Николов што се наоѓаше над аптеката „Илинден“ речиси е срамнета со земја, цели 30 часа по несреќата даваше само една констатација: Сѐ што имало внатре е мртво“, се потсетува скопјанецот кој бил сведок на настаните.
„Оттука беа извадени 56 мртви тела. Никој не се надеваше дека некој уште може да живее во овој крш. Меѓутоа, за големо изненадување и по 30 часа излегоа живи три деца. Браќа. Најстариот имаше 20 години. За него весниците и порано пишувале“, вели тој.
Во 1962 година, за поплавата, тој помагал при спасувањето на повеќе од 20 граѓани.
Веднаш по затрупувањето, татко му од другата соба му јавил за смртта на неговата мајка. Двајцата негови помали браќа биле во неговата соба. Почнал да копа, да се пробива, педа по педа, а неговите браќа лазеле по него.
Отпрвин копал со рацете, потоа нашол некое железо и по 30 часа постојано копање здогледал светлина.
Почнал да вика и однадвор луѓето го слушнале. Застанал на нозе како ништо да не се случило. По него излегле и неговите двајца браќа. Родителите им ги откопале мртви.
Скопје денес е храброста на овие браќа како и храброста на сите оние кој се бореле за себе, за своето и за својот град. Кога се застана храброста продолжи!