среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Росоманските овоштари загрижени по најавата дека македонските праски ќе бидат зaбранети во Русија

Росоманските овоштари загрижени по најавата дека македонските праски ќе бидат зaбранети во Русија

Овоштари од росоманско попладнево изразија вознемиреност по најавата на рускиот регулатор за безбедност на храна дека од 15 август ќе воведе забрана за привремен увоз на некои коскести плодови од Македонија и Србија поради загриженост за безбедноста.

– Во моментов околу 500 тони праски чекаат во ладилникот, имаме најава за 20 камиони за утовар за Русија, но сега работата е стопирана. Ова се и последните количини на праска зашто бербата е при крај, рече Владо Орданов од Росоман, еден од поголемите откупувачи на праски и сопственик на ладилник.

Градоначалникот на Росоман Бранко Јанев нагласи дека во моментов бербата на последните сорти праски е при крај.

– За оваа година бербата на праските е при крај и сметам дека нема да се одрази негативно, но долгорочно ако се гледа не е добар потег, додаде Јанев.

Општина Росоман е најголем производител на праски во Македонија. 

МИА

Најнови вести