недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

РСЕ: Се темпира ли помошта за граѓаните со датумот за избори?

РСЕ: Се темпира ли помошта за граѓаните со датумот за избори?

Владата најави дека граѓаните со ниски примања ќе добијат платежна картичка за купување домашни производи, како дел од мерките за справување со корона-кризата, но картичките, првично најавени за 3 јули ќе доцнат. Критичарите се сомневаат дека помошта се темпира со датумот за избори, пишува Радио Слободна Европа.

Одложувањето на домашната платежна картичка, како помош за граѓаните за справување со корона-кризата, за дел од аналитичарите е знак дека ќе биде продолжена вонредната состојба и изборите ќе бидат одложени, додека други воопшто не ја поврзуваат со изборите. Вонредната состојба завршува в сабота и ако не биде продолжена, изборите треба да се одржат на 5 јули.

Политичкиот аналитичар Александар Даштевски вели дека се работи за предизборен поткуп.

Неспорно е дека се темпира со датумот за изборите. Гледате дека сега има 125 заболени и 7 мртви, значи состојбата оди на полошо и најверојатно на седницата в петок ќе се продолжи таа вонредна состојба. Најверојатно изборите ќе бидат на 19 јули, значи картичките ќе се поделат точно до денот пред гласање“, вели Даштевски.

Од друга страна, аналитичарот Алберт Муслиу смета дека се работи за коинциденција.

„Прво, не верувам дека калкулира зашто картичките беа најавени во период кога владата инсистираше за избори на 21 јуни, а картичките беа најавени за јули. Така што не би ги поврзувал тие прашања. Можеби има коинциденција“, вели тој.

Во меѓувреме, владата продолжува со плановите за избори на 5 јули и вчера донесе уредба за ажурирање на избирачкиот список согласно тој датум.

Целиот оригинален екст на РСЕ прочитајте го овде. 

Најнови вести