Познатиот македонски актер Рубенс Муратовски се огласи по повод штрајкот на просветните работници. Според него, учениците кои сега губат настава, всушност учат многу вредности.
-“Ќе загубеле децата многу што не одат на училиште” …глупост! Бандити, измамници, лажговци и полуписмени идиоти се милионери кои училиштето го поминувале заради богатиот и влијателен татко ама нашиве деца оти не одат 2 недели на училиште ќе останеле неписмени. Напротив, учат многу сега. Учат дека достоинството е многу важно. Учат дека не смеат да бидат полтрони и малодушни. И учат за емпатија. Учат дека треба да имаат разбирање и сочувство кон проблемите на другите. Во овој случај кон своите учители, пишува актерот на Фејсбук.