понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Русјаков: Ова се 12 вистини што пробуваат да ги спинуваат

Тие што ве убедуваат дека веќе сме го смениле името во ФИРОМ и сега тоа ќе сме го менувале, третирајте ги како непосакувана дијареа што треба да се превенира. Во Советот за безбедност на ООН, проблемот меѓу Македонија и Грција е запишан како „разговори околу разликите за името“, а преговори и разговори не се исто, затоа што преговорите мораат да донесат решение, но не и разговорите. Идентитетот на македонскиот народ произлегува од името на државата, секоја промена на буква во името го гасне идентитетот.
Русјаков: Ова се 12 вистини што пробуваат да ги спинуваат

Александар Русјаков на својот Фејсбук профил наброи 12 вистини што пробуваат да ги спинуваат.

Тој го изрази својот став за преговорите за промена на името со Грција.

-Во ООН не сме запишани како FYROM, туку како Former Yugoslav Republic of Macedonia скратено FYR Macedonia. FYR Macedonia не е име туку привремена референца запишана додека се најде или не се најде решение (ние во секое време можеме да прекинеме и да си бараме прием под уставно име). Тие што ве убедуваат дека веќе сме го смениле името во ФИРОМ и сега тоа ќе сме го менувале, третирајте ги како непосакувана дијареа што треба да се превенира.
Во Советот за безбедност на ООН, проблемот меѓу Македонија и Грција е запишан како „разговори околу разликите за името“, а преговори и разговори не се исто, затоа што преговорите мораат да донесат решение, но не и разговорите. Идентитетот на македонскиот народ произлегува од името на државата, секоја промена на буква во името го гасне идентитетот. Во разговорите за разликите околу името под покровителство на ООН може да се разговара само за разликите околу името, а никако за тоа како ќе се именува македонскиот народ, јазик и култура кои го образуваат македонскиот идентитет, така што Нимиц, Заев, Димитров, Ципрас, Василакис и нивните македонски и грчки претходници од власта учествуваат во злосторничко здружување со геноцидни последици против македонскиот народ и држава, пишува тој.

Сите 12 вистини кои ги обелоденува Русјаков прочитајте ги во статусот на неговиот Фејсбук профил.

Најнови вести