петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Рускоска: Немав намера да се кандидира за повторна шефица на Обвинителството за гонење организирал криминал, но по природа сум борец!

Рускоска: Немав намера да се кандидира за повторна шефица на Обвинителството за гонење организирал криминал, но по природа сум борец!

Суспендираната јавна обвинителка Вилма Русковска вели дека во повеќе наврати изјавила дека нема намера да се кандидира за шефица во Обвинителството за гонење организирал криминал, но бидејќи „по природа сум борец и се што се случи во последните два месеци, ме мотивираше да поднесам пријава за истото работно место“.

-Да не беше временото оддалечување на работното место и предлогот за поведување дисциплинска постапка, сигурно немаше да се пријавам повторно, но како што кажав, борец сум и сакам да се изборам на ниту еден колега во иднина да не му се случи ова, што ми се случи мене. Токму суспензијата и се што следуваше, ќе ги мотивира колегите обвинители да гласаат по свој избор. Сигурна сум дека нема да подлегнат на никакви притисоци, потенцира Русковска во своето гостување на „Топ тема“

Најнови вести