вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Рускоска порача дека Јовески ќе одлучи дали треба да го води „Рекет 2“. Социјални мрежи: Што мислите, ќе је изземе ли?

Поведени од досегашното искуство и поврзаноста на спрегата ТРАС-ТРАС во македонското судство и обвинителство, граѓаните на социјалните мрежи веќе прогнозираат дека „некој“, лично засегнат од адресирањето на Луј Витон торбите во неговото семејство од обвинетиот кого милува да го вика на буквата „П“, од екс Бихаќка ќе дигне телефон и дека резултатот од можното изземање на Рускоска е повеќе од јасен. Прашањето на социјалните мрежи е: Што мислите, дали Јовески ќе ја изземе Рускоска од „Рекет 2“?
Рускоска порача дека Јовески ќе одлучи дали треба да го води „Рекет 2“. Социјални мрежи: Што мислите, ќе је изземе ли?

Откако и Бојан Јовановски и Фросина Ременски денеска побараа нејзино изземање поради пристрасност, за која рекоа дека имаат и силни докази, Обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска во изјава на денешното рочиште за случајот „Меѓународен сојуз”, рече дека денес дури кога влегла во судница разбрала дека е побарано нејзино изземање од предметот и дека го добила барањето поднесено до државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески.

 

Русковска нагласи дека наводно секогаш работела согласно законот и никогаш ниту си дозволила, ниту ќе дозволела да работи под емоции, а одлуката за тоа дали таа треба да постапува во предметот или не, рече ќе ја оставела на државниот јавен обвинител.

 

„На кратко го видов барањето за мое изземање и од она што успеав да го прочитам можам да кажам дека апсолутно не држи барањето, но нека одлучи јавниот обвинител на Република Македонија. За цела моја кариера никогаш пристрасно не сум се однесува кон ниту еден предмет, а сум сработила повеќе од 1.000 предмети. Од 90 година како стручен соработник и нема никогаш да си дозволам емоции или било што друго да ме води при постапување на предмет. Единствена работа што ми е важна е само дали е сторено кривични дело и дали има докази. До сега работев така, а така и ќе биде до крајот на мојата кариера.
За случајот „Меѓународен сојуз”, Русковска нагласи дека очекува да докаже дека обвинетите ги сториле кривичните дела за кои ги гони.

Поведени од досегашното искуство и поврзаноста на спрегата ТРАС-ТРАС во македонското судство и обвинителство, граѓаните на социјалните мрежи веќе прогнозираат дека „некој“, лично засегнат од адресирањето на Луј Витон торбите во неговото семејство од обвинетиот кого милува да го вика на буквата „П“, од екс Бихаќка ќе дигне телефон и дека резултатот од можното изземање на Рускоска е повеќе од јасен.

Прашањето на социјалните мрежи е: Што мислите, дали Јовески ќе ја изземе Рускоска од „Рекет 2“?

Најнови вести