четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Русковска: И да сакаат да ме сменат немаат можност за тоа, му порача на Заев да не се меша во постапките кои се водат во обвинителството

Русковска: И да сакаат да ме сменат немаат можност за тоа, му порача на Заев да не се меша во постапките кои се водат во обвинителството

Вилма Русковска, шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во интервју за „Призма“, вели не ја засегаат пишувањата дека смената на првиот човек на Одделот во МВР за дела од организираниот криминал, Лазе Велковски, е навестување за нејзина скорешна смена. Таа е вуерена е дека тоа се шпекулации.

„Според новиот закон за јавно обвинителство, не постои опција кој било шеф на обвинителство да се смени поради нестручност и некомпетентност. Сега не постои таква можност. Кривично дело немам направено, барем јас не знам дека сум направила, така што сметам дека и да сакаат да ме сменат, нема можност“, вели Русковска за Призма.

Обвинителката не знае зошто не била повикана на итниот неформален кризен штаб за бегството на Мијалков, на кој беа собрани министри и првите луге од судството.

Таа во интервјуто вели дека не знае зошто не ја викнале, но излезе дека Мијалков имал најголема доверба во неа.

За изјавата на премиерот Зоран Заев дека во неа нема доверба за предметот со Рашковски, таа вели дека нашите политичари уште не може да разберат дека не треба да коментираат постапки што се водат во Обвинителство или во суд.

Најнови вести