среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Русковска за Фокус: Сѐ уште е рано да коментирам дали би прифатила да бидам на чело на новото СЈО

Русковска за Фокус: Сѐ уште е рано да коментирам дали би прифатила да бидам на чело на новото СЈО

Премиерот, Зоран Заев, денеска на прес конференција истакна дека Владата наредната недела до Собранието ќе предложи нов закон за трансформација на СЈО, а како наследник на Катица Јанева ја предлага обвинителката Вилма Русковска.

На прашањето на Фокус до Русковска, дали би прифатила да застане на чело на новото СЈО, таа вели дека сѐ уште е прерано за било каков коментар.

-Кога ќе биде усвоен Законот, тогаш би можела да кажам став. Вака е беспредметно, бидејќи може законот да претрпи измени, вели Русковска за „Фокус“, која додава дека изјавата на премиерот Заев ја не ја слушнала во целост, бидејќи била затекната додека работела.

Најнови вести