Државиот секретар Ентони Блинкен се сретна вчера со министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, одбележувајќи го стратешкиот дијалог САД-Северна Македонија и зацврстувајќи ги билатералните врски кога европскиот континент е соочен со конфликт, се вели во денешното соопштение од Стејт департментот.
Според портпарлот на Стејт департментот Нед Прајс, Блинкен ја истакнал американската поддршка за брзо пристапување на Северна Македонија во ЕУ.
-Лидерите ја нотираа нивната силна соработка во НАТО и партнерството за подготовка на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023, истакна Прајс.
Тој истакна дека Блинкен му се заблагодарил на Османи за цврстата поддршка на Северна Макдеонија за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина кога таа е изложена на агресија од страна на Русија.
-Секретарот ја истакна американската поддршка за брзо пристапување на Северна Македонија во ЕУ и нејзина регионална економска интеграција, и ја истакна важноста од лидерството за унапредувањето на политичките и економските реформи на Западен Балкан, рече Прајс. (МИА)