вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

САДУ: Предвремено пензионирање и преквалификација, наместо трансфер во приватен сектор

САДУ: Предвремено пензионирање и преквалификација, наместо трансфер во приватен сектор

Денеска дел од Претседателството на синдикатот на администрација и државна управа – САДУ, на чело со Претседателот на синдикатот Благоја Ралповски имале работна средба со Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, пишуваат од САДУ во соопштението.

Според САДУ на работната средба се дискутирало околу актуелните состојби, како што се предлог измените во Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор, како и предлогот на трансфер од јавен во приватен сектор и други прашања кои се од интерес на вработените.

САДУ истакна дека како синдикат е спремен да одговори на сите предизвици во насока на зачувување на правата на вработените и нивно подобрување и исто така истакна дека нема да се согласи со трансферот од јавен во приватен сектор. За таа цел Министерот предложи решението предложено од синдикатот, за учество на синдикатот во изработка на функционалната анализа, да го стави уште на првата Владина седница.

„Доставивме конкретни докази и факти против трансферот од јавен во приватен сектор, а Министерот прифати предлозите за предвремено пензионирање и внатрешна преквалификација да се стават на јавна дебата. Со овие предлози вработните би ги зацврстиле своите работни места, од една страна, а од друга страна ќе се направи правилна рационализација во делот на големината на администрацијата, како и нејзината стручност, со што сите ќе добијат и државата и граѓаните и вработените во јавниот сектор“, наведоа од САДУ во соопштението.

Имено на работната средба станало збор за мобилноста на вработените од едно на друго работно место која треба да се темели на база на транспарентност, како и линеарна мобилност, а да не се зема само како услов, исполнување на работните квалификации; за предлозите за составот на Комисијата за дисциплински постапки, каде што според новиот предлог закон се намалува бројот на членови во составот на комисијата од 8 на 3 члена, во чиј состав се исфрла синдикалниот претставник, единствено може да присуствува, но без право на глас; околу прашањата за регрес за годишен одмор за вработените во јавниот сектор, исплата на патни трошоци, како и исплатата и признавањето на кариерата, таму каде што не се спроведува; за да престанат притисоците врз синдикалните претставници; за предлогот на САДУ за вклучување на синдикатот во изработката на функционалните анализи; за преквалификација на вработените во јавниот сектор, со цел да се пополнат работните места каде што има недостаток на вработени, односно трансфер, но во рамките на јавниот сектор,  а во исто време би се решил проблемот со превработеноста и за предлог решение за намалување на превработеноста со предвремено пензионирање со навршени 60 години; за Комисијата при Агенцијата за администрација која одговара по поднесени жалби, да има точно утврден рок во кој ќе одговори со цел да се усогласи со роковите за судска постапка;

Додадоа дека за останатите прашања се очекува да се срочат конкретни предлози, за кои дополнително ќе се вршат преговори, за што САДУ јасно истакна дека нема да се сложи со ниту еден законски предлог со кој се нарушуваат работничките права и за сите несогласувања ќе одговори со соодветен синдикален отпор.

Најнови вести