среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сајкоски: Уценување не е патот кон ЕУ, власта се уште има време да се премисли и да каже НЕ за македонска асимилација, НЕ за прекројување на македонската историја

Сајкоски: Уценување не е патот кон ЕУ, власта се уште има време да се премисли и да каже НЕ за македонска асимилација, НЕ за прекројување на македонската историја

Сакам да се обратам до пратениците од владејачкото мнозинство, до премиерот и да ви укажам дека сега е моментот да кажете НЕ. Сега е моментот кога целата македонска јавност е обединета и кажува НЕ. НЕ за македонска асимилација, НЕ за прекројување на македонската историја, НЕ за бришење на македонскиот народ, НЕ за уценување што го прават соседите, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски на денешната собраниска седница.

Сајкоски го повика Ковачевски да каже НЕ како што кажа и првиот пат кога рече дека францускиот предлог е лош и пред само еден месец го оцени дека е недостоинсвен и дека не носи добро за Македонија

– Меѓутоа не знам од кои причини се премисли и го донесе тука и во Собранието иако можеше Ова е пракса на штетни договори што ги прави владата на СДСМ. Но исто така морам да потенцирам дека пред неколку години не убедуваа дека датумот за преговори е добиен, дека влеговме во ЕУ, па се правеа и прослави, се славеше во авиони и јахти, и денеска пак се зборува дека треба да влеземе во ЕУ. Сите сме за ЕУ, првата позитивна препорака за ЕУ, Македонија ја доби во 2009 година кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт. И денес ние викаме дека сме за ЕУ, но за ЕУ каде има еднакви принципи, каде се вреднуваме исто, без понижувања, без асимилација, и без потклекнување, истакна Сајкоски.

Тој посочи дека ниту една друга власт во ниту една земја не би се оградила од своите малцинства во соседните земји, како што власта денес го прави тоа.

– А и покрај сите отстапки и овој катастрофален договор, најкатастрофалниот предлог, ние не одиме напред. Кога се разговара за дали ние ќе ги искинеме фактите кои постојат и ги чуваат архивите? Дали ние ќе се откажеме од тие факти? Еве пред мене документ од 1899 година каде што напите Македонци кои работеле во Бугарија имале свои здруженија, свои посебни македонски здруженија. Тие кажале дека Македонците се декларираат како Македонци со свои здруженија и комуницираат на македонски јазик, изјави Сајкоски.

Тој нагласи дека денес власта сака да го наруши континуитетот, се разговара за работи до поред 100 години за кои има пишани документи.

– Овој документ не е измислен туку е оригинален пронајден во архив во Бугарија каде Македонците сами кажуваат дека се Македонци Зошто се влегува во замката да се скрати нашиот континуитет и да се остави простор дека постоиме од 1945 година. Ова досега не било европска ниту светска пракса, ниту пракса некој што во минатото некој го имал да се негира цел народ кој има пишана историја. Ако се негираме на ваков начин и ова уценување и условување не е патот кон ЕУ. Та треба да се принципи, и да се бориме дека секој има право да се бори за својата припадност, потенцираше Сајкоски.

Најнови вести