среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Самка Ибраимоски: Од што почина мојот роднина во затворот во Шутка?

Самка Ибраимоски: Од што почина мојот роднина во затворот во Шутка?

Пратеникот на ПЦЕР, Самка Ибраимоски бара јавно да се обелоденат причините за смртта на затвореникот кој почина во затворот Шуто Оризари, Сенад Исламовиќ.

Станува збор за млад Ром кој имал само 23 години и бил татко на две малолетни деца.

-Ова не е првпат да умре млад Ром во затворите во земјава и затоа барам јавно да се каже која е причината за смртта. Исламовиќ е дел од мојата фамилија во Гостивар. Решив да се ангажирам како пратеник да се дознае вистината за смртта на Исламовиќ Сенад од Гостивар, вели Ибраимоски.

Најнови вести