среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

САМО 4 ОД СТО ГРАЃАНИ ИМААТ ДОВОЛНИ ПРИМАЊА Двајца од тројца едвај врзуваат крај со крај

САМО 4 ОД СТО ГРАЃАНИ ИМААТ ДОВОЛНИ ПРИМАЊА Двајца од тројца едвај врзуваат крај со крај

Само 4 отсто од македонските граѓани рекле дека имаат доволни примања, 64 отсто едвај рзуваат крај со крај, 35 отсто сметаат дека примањата им се недоволни, 29 отсто рекле дека воопшто не им се доволни семејните приходи. Вакви се податоци за економијата во мајската анкета на ИРИ.

Она што е различно од другите години е дека пред три ипол години оние кои рекле дека можат да го поминат месецот без финансиски проблеми биле 9 отсто, додека во најтешката категорија биле 17 отсто.

Речиси половина од граѓаните, односно 45 отсто рекле дека животот им се влошил, слично како лани, кога овој процент изнесувал 53 отсто.

Анкетата на ИРИ, спроведена од април до мај врз примерок од 1.204 испитаници, покажува дека главен проблем за граѓаните се сиромаштијата и нискиот животен стандард – 25 проценти одговориле така. Потоа следат високите цени со 24 проценти, па економската ситуација за која 23 отсто од испитаниците рекле дека е сериозен проблем. Петта на листата е невработеноста со 18 проценти… Потоа, како најголеми проблеми следат корупцијата, криминалот, општата политичка ситуација…

Дури 48 отсто сметаат дека во наредните две години ситуацијата во земјата ќе се влоши. Лани во октомври тој процент бил 56 проценти.

Цели 78 отсто од испитаниците сметаат дека актуелните владини претставници не работат во согласност со законите. Нешто подобро стои опозицијата – 69 проценти од граѓаните не мислат дека и опозицијата би го почитувала законот ако нејзини членови бидат избрани за одредена функција.

Најдобар министер, според истражувањето е Оливер Спасовски. Потоа следи премиерот Ковачевски, па Бујар Османи, па Артан Груби. Груби е на врвот на листата кога граѓаните се прашани „кој министер не работи како што треба“.

Најнови вести