сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Самохраните мајки си ги бараат своите права, денес ќе маршираат до МТСП

Самохраните мајки си ги бараат своите права, денес ќе маршираат до МТСП

Мирен марш ќе биде организиран денеска во Скопје за да се подигне свеста во јавноста за секојдневните проблеми со кои се соочуваат самохраните и еднородителските семејства.

-Поводот за организирање на овој марш се сериозни прашања и барања на нашите членки. Сакаме да ја искажеме и прикажеме сликата на самохраните и еднородителските семејства пред целата македонска јавност и сите чинители во македонското општество. Темата за самохраните родители не смее да биде табу. Не повеќе, соопшти тимот на „Една може“.

Оваа организација се залага за заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на родовата еднаквост и женските права, со акцент на самохраните родители и еднородителските семејства.

Маршот ќе почне во 13 часот од Жена-парк и ќе се движи до Министерството за труд и социјална политика.

Најнови вести