На 10.02.2021 во периодот од 08.00 до 16.00 часот полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип на автопатот Штип – Миладиновци (од клучка Кадрифаково до клучка Преод) спроведоа контрола на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната надвор од населено место.
За време на контролата биле констатирани 23 прекршоци и на возачите им биле изготвени соодветни прекршочни платни налози. При контролата биле констатирани и два останати прекршока.