Денеска заедно со потпретседателот или поточно носителот на листата на изборна единица 4 Александар Николоски сме во посета на општина Дојран, каде што сакаме да ги презентираме нашите видувања во однос на иднината на Република Македонија, вели Ердоган Сарач, претседател на движење за национално единство на Турците во Македонија, и кандидат за пратеник во ИЕ4 од денешната посета на општина Дојран.
Сарач рече дека Коалицијата Обнова за Македонија поседува луѓе кои имаат државнички капацитет и кои ќе ја вратат вербата во институциите на системот и вербата во Република Македонија.
-Јас сум сигурен и убеден дека оваа коалиција поседува луѓе кои имаат државнички капацитет и кои ќе ја вратат вербата во институциите на системот и вербата во Република Македонија. Како претседател на движење за национално единство на Турците дека Македонија ќе биде правна држава и правото ќе важи подеднакво за сите. Сигурен сум и убеден дека Турците како лојални граѓани на Република Македонија сите свои права и слободи кои што се загарантирани со законите и уставот во Република Македонија, со владеење под водство на Христијан Мицкоски ќе ги имам во вистинска смисла на зборот и ќе дадеме до принос за развој на Република Македонија, истакна Сарач.