петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сарамандов, кандидат за градоначалник: Ветувам дека ќе дадам се од себе и со напорна работа заеднички и сплотени ќе и го вратиме на Гевгелија приматот на најперспективен град во Македонија

Сарамандов, кандидат за градоначалник: Ветувам дека ќе дадам се од себе и со напорна работа заеднички и сплотени ќе и го вратиме на Гевгелија приматот на најперспективен град во Македонија

Почитувани сограѓани, Ве известувам дека сум избран за кандидат за градоначалник на општина Гевгелија од редовите на ВМРО ДПМНЕ за претстојните локални избори 2021 год. согласно статутот на ВМРО-ДПМНЕ, пишува Андон Сарамандов на Фејсбук.

-Ова за мене претставува посебна чест и задоволство, но истовремено и огромен предизвик за докажување на полето на раководењето со локалната самоуправа во општина Гевгелија и креирањето на долгорочна стратегија за нејзин општествено-политички и економски развој.
Гевгелија е градот во кој сум се родил, овде сум израснал, овде е мојата фамилија, овде се моите другари и пријатели, овде планирам да творам и да возвратам за сите добрини кои што ми ги пружи мојот роден град.
Луѓето со коишто соработувам во текот на досегашната моја политичка кариера знаат дека претпазливо влегувам во секоја битка и дека барам упорност и истрајност.
Така ќе биде и овој пат.
Нашата општина Гевгелија е соочена со многубројни тешки предизвици коишто се закануваат да го ослабнат нејзиното економско и социјални ткиво: последиците од пандемијата со КОВИД 19, невработеноста, неконтролираното и масовно иселување на младото население, изумирањето на локалната економија итн.
Заради индолентниот однос на сегашната политичка власт на Сдсм, општина Гевгелија го изгуби епитетот на најразвиен и најевропски град во Република Македонија.
Затоа, подавам рака кон сите вас, гевгеличани, без разлика на вашето политичко убедување, бидејќи Гевгелија ни е над се.
Најпрво, сите мораме да научиме сите дека Гевгелија се сака со конкретни дела, а не само со празни флоскули за попросперитетна иднина
Сакам да соработувам со секој жител на нашата општина, којшто има добронамерни забелешки и конкретни предлози за нејзиното подобро утре.
Заедно со Вас, почитувани сограѓани, ќе настојувам да подготвам темелна програма за работа за мојот четиригодишен мандат, со реални проекти и конкретни рокови за реализација со издржана финансова конструкција.
Ќе се борам општина Гевгелија да се здобие со поголема финансиска самостојност, за да може да ги оствариме конкретните замисли.
Ветувам дека ќе дадам се од себе и со напорна работа заеднички и сплотени ќе и го вратиме на Гевгелија приматот на најперспективен град во Република Македонија.
Затоа, барам од сите Вас конкретна поддршка во периодот што претстои пред нас.
Со верба во Бога за просперитетна Општина Гевгелија и за посветла иднина на генерациите после нас!!!

Најнови вести