четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сарамандов: Поцков за неговиот мандат не реализира ниту еден капитален проект од неговата програма

Сарамандов: Поцков за неговиот мандат не реализира ниту еден капитален проект од неговата програма

„Сакам да го демантирам Поцков за три работи што ги спомна во неговото излагање. Не е вистина дека е застанат трендот на иселување, напротив според нашите информации укажуваат дека во последните три ипол години од Гевгелија се иселиле на 1.500 луѓе, односно околу 6-7%. Само ова лето најголем дел од угостителскиот сектор, околу 250-300 работници од овој сектор заминаа во Хрватска и Црна Гора. Втора работа околу новата депонија која што ја наследи Поцков, требаше да ја заврши како започнат проект од ВМРО-ДПМНЕ. Точно е дека нема вода, ниту струја, но Поцков треба да објасни зошто нема струја ако веќе тука има завршена тендерска постапка. Исто така кај новата депонија е искината гео текстилната мембрана и оштетена е депонијата. Иако и тука имало тендерска постапка за набавка на речен песок односно на чакал. И трета работа во последниот период во услови кога ништо Поцков не сработи во неговиот мандат, одреден период манипулира со јавноста дека наследил задолжена општина“, нагласи Андон Сарамандов, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гевгелија во гостување во емисија на Канал 77.

Сарамандов посочи дека Поцков ниту еднаш во кампањата во 2017-тата година ниту еднаш не рече дека Гевгелија е најзадолжена општина во период кога ја водел општината градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Буџетот на општината во време на ВМРО-ДПМНЕ беше во доста добра кондиција. А, тоа многу добро го знаат и советниците на Поцков“, рече Сарамандов.

Сарамандов додаде дека Поцков се што вети во предизборието ништо не оствари. „Поцков не реализира ниту еден капитален проект од неговата програма. Не изгради булевари, не изгради катна гаража, не изгради нов градски парк, не изгради нова градска депонија, не изгради нова детска градинка во Гевгелија, не изгради спортско рекреативен комплекс со базен и мултимедијален центар“, појасни Сарамандов.

Сарамандов потсети дека Поцков не го започна гасоводот во Гевгелија, за три ипол години има донесено само еден урбанистички план пред некој месец за централното подрачје.

Најнови вести