Алфа Тв разговараше со адвокатот Сашо Дуковски за актуелните случувањата во СЈО како и за наредбата на Јанева, која од притвор преку писмо побара сите случаи што ги води СЈО да се префрлат во ЈО, според Дуковски во законот не е предвидено дека Јанева може да изврши самостојно некакво делегирање на тиие предмети во ОЈО .
Секое притворено лице може да напише допис до некој орган, тоа не е главниот проблем. Главниот проблем е начинот на тоа како е сторено. Навистина член 6 за СЈО дава одредена автономија и госпоѓата Јанева е главен обвинител во истото. Кај мене се јави една голема вчудоневиденост, на начинот како тоа е сторено, значи тоа јавно обвинителство и е формирано како автентично и самостојно тело кое ќе ги води истрагите од така наречените бомби. Никаде во законот не е предвидено првиот човек на СЈО, во овој случај Јанева да изврши самостојно по свое наоѓање, некакво делегирање на тие предмети во обичното обвинителсто. Надвор од тоа, таквото делегирање никој не го видел. Исто тоа со нејзе се случи и со оставката, давам оставка па не давам и така натаму. Тоа е една голема срамота за македонската правна држава и мислам дека ќе треба многу голем напор Македонија да излезе од оваа ситуација- изјави адвокатот Дуковски
Во продолжение целосното интервју со адвокатот Сашо Дуковски