вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сашо Тасевски се огласи на ФБ: Гаќите сè уште се на мене

Според она што го пишува на социјалните мрежи, многумина велат дека кариерата на Сашо Тасевски веќе е завршена.
Сашо Тасевски се огласи на ФБ: Гаќите сè уште се на мене

Од вчера вечер и во текот на денешниот главна тема на социјалните мрежи е интервјуто кое Васко Ефтов го нагости актерот и директор на Драмскиот театар, Сашо Тасевски, кој го напушти интервјуто откако не можеше да одговори на прашањата кои му ги поставуваше Ефтов.

Според она што го пишува на социјалните мрежи, многумина велат дека кариерата на Сашо Тасевски веќе е завршена.

На Фејсбук и тој излезе со реакција.

-Знам, пријателите очекуваат моја реакција за интервјуто кај Ефтов. Преќутев не зашто немав што да му кажам, туку зашто не сакав да се спуштам на неговото пиљарско ниво, зашто не сакав со некоја неконтролирана изјава или потег да му нанесам штета на театарот кој го управувам. Оти не сум сам во таа приказна. Затоа станав без збор. И уште нешто…Згрозен сум од неговата подмолност и измамност да не се држи до темата која ја договоривме туку да се занимава со мене со цел да меискомпромитира. Моите ставови секогаш биле конзистентни и јасни. Само тој не ме викна за муабет во емисијата, туку да ме натера да реагирам неумесно. Сфатив, некој смислено ме избрал за таа цел. Тоа се гледа и по омразата на оние кои сега ме плукаат и физички ми се закануваат . Очигледно сум им пречел многу. Нека е и така. Од грешките се учи многу, ако се сака. Само уште ова. Гаќите се уште на мене, ама некој пак му ги смкна гаќите на новинарството, ако пропагандата може да се нарече новинарство, напиша тој на Фејсбук.

Најнови вести