СДС ја зголеми цената на струјата за 2.5 пати, со Мицкоски имавме 4-та најевтина струја во Европа, сега плаќаме 8-ма најскапа, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-Во 2017 година, кога претседателот Мицкоски е директор на ЕЛЕМ, македонското стопанство плаќа една од најниските цени на струја, 5 години потоа кога ЕЛЕМ го раководи СДС, стопанството плаќа струја поскапа од 32 држави во Европа. СДС не направи ништо да го зголеми производството. И тоа не само што не е зголемено, туку е и намалено. Од скоро 6 терават часови произведена струја за една година во време на ВМРО-ДПМНЕ, сега едвај се прозиведуваат 4. Недостатокот на струја се покрива со увоз, а тоа значи одлив на девизи, велат од партијата.
Од таму додаваат дека доколку СДС не беа неспособни ќе го зголемеа домашното производство, или во најмала рака ќе го одржеа. Скапата струја е последица на неработата на владата, компаниите и граѓаните се жртви на таа неспосбност.