вторник, 27. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

СДСМ држи партиски состаноци со присуство на полициски службеници

СДСМ држи партиски состаноци со присуство на полициски службеници

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, потпретседателот  на партијата Стефан Богоев и членот на Централниот одбор, Оливер Спасовски, попладнево се на средби со граѓаните на општина Маврово Ростуше, заедно со градоначалникот Медат Куртовски, пратеничката Белкиса Зекири и претседателот на општинската организација Самир Ајдини.

Како што информираат од партијата, се разговара за проектите кои што се во тек и кои значат реализацијата на ветувањата на СДСМ дадени пред граѓаните за време на предвремените локални избори.

„Започна реконструкција на повеќе улици во Велебрдо, се прави потпорен ѕид во Жировница, потпишани се договори и наскоро започнува релизација на проектот за водовод во Аџиевци со поддршка на Владата, како и паркинг во селото Требиште.

Победата на Медат и СДСМ со огромна разлика покажа дека граѓаните сакаат напредокот и развојот на општината да продолжи“ – се наведува во партиската објава.

Сепак, тоа што од партијата не го прикажуваат е фактот што СДСМ држи партиски состаноци во присуство на полициски службеници.

Дали претставниците на СДСМ се плашат од соочување со народот кој многу често ги соочува со неисполнетите ветувања или само Спасовски за приватни партиски цели ги користи луѓето на кои им е надреден, треба да одговорат од партијата на Димитар Ковачевски.

Најнови вести