Фирмата Еко клуб“ која носела медицински отпад во Дрисла е основана во времето кога премиер бил Владо Бучковски. Вчера портаролот на СДСМ, Костадин Костадинов се обиде да спинува дека оваа фирма е поврзана со ВМРО-ДПМНЕ и со поранешниот премиер Груевски.
Но, документите од Службен весник покажуваат нешто друго.„Еко клуб“ во 2006 година добила дозвола за вршење на комунална дејност, во време кога премиер е Владо Бучковски.
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, вчера се обиде во јавноста да претстави дека отпад од “„Еко клуб“ се излеваат од возилата за транспорт и завршуваат во Вардар како и животни кои се хранат од остатоците од медицинскиот отпад.