вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СДСМ ги замолкна невладините! Никој не смее да протестира за заагадениот воздух

СДСМ ги замолкна невладините! Никој не смее да протестира за заагадениот воздух

 “Животот во Скопје е секојдневна фрустрација поради високите канцерогени честички во воздухот“ ваков одговор даде еден од педесетината граѓани кои протестираа пред Владата поради секојнедното екстремно загадување на воздухот. Поради овој горчив проблем луѓето имаат навистина сериозни проблем. Не можат да отворат прозорец, не можат да си ги прошетаат децата и сметаат дека граѓаните имаат недостаток од чуство поради големината на овој проблем.

Воздухот во Скопје е и понатака екстремно загаден. Максималната граница, пропишана од Европската Унија за присуство на ПМ10 честички во воздухот е 50 микрограми во период од 24 часа но доволно е да се видат резултатите од мерните станици и ќе се забележи дека загадувањето е за 5,6,7 па и повеќе пати поголемо од максимално дозволеното. Речиси сите скопски оштини се загадени. Во новата година па до денес речиси и да нема ден а воздухот да не е загаден. Граѓаните олеснување чуствуваат само кога врне или кога дува. Само тогаш може да се здивне од преголемата загаденост.

Она што е симптоматично за денешниот протест е неговата незначителна бројка на граѓани кои протестираат. Буквално имаше повеќе новинари отколку граѓани пред владата. Оттука може да се види лицемирието на СДСМ и нивните партиски невладини организации. Истите оние кои ветуваа и устите им беа полни со чист воздух никаде ги нема. Петре Шилегов, Дамјан Манчевски, Павле Богоевски, Златко Марин и Јани Макрадули откако добија власт, Скопје и Македонија се гушат.

Очигледно е дека СДСМ ги замолкна граѓаните и граѓанските организации. Никој не смее да излезе да протестира и да го искаже својот став.

Шилегов даде безбројни ветувања за справување со загадувањето на воздухот. Тој во предизборната кампања им вети на граѓаните дека ќе им го подобри животот.

– “Град Скопје има итна потреба од нова градска власт која што системски ќе го реши проблемот со загадувањето, ќе изготви и изработи модерни ефикасни и еколошки решенија во јавниот превоз, ќе го зголеми процентот на зелени површини во градот и ќе овозможи алтернативни извори на енергија“ рече тогаш, Петре Шилегов

Но сега после неколку месеци ништо не е сменето освен што градоначалникот решил да удри по џебот на граѓаните. Се поскапи бензинот под изговор дека на тој начин ќе се “намалело“ загадувањето, во план е зголемување на паркинг цената а најново од Шилегов е да прави паркинг места за луѓето од другите градови да паркирааат на периферијата на Скопје. Сите соопштенија што ги испратија речиси сите градоначалници на СДСМ во врска со воздухот и најавената гасификација е дека се во план на изработка и тек допрва ќе се прават стратегии за нивно спроведување. Оттука се поставува прашањето што правеле цели 11 години во опозиција.

Единствено нешто што го направија како мерка е она истото што го правеше Коце Трајановски кој секојдневно беше напаѓан од СДСМ и нивните партиски организации а тоа се препораките граѓаните да избегнуваат подолги периоди на отворена површина. На мали деца, стари лица и бремени жени им се препорачува воопшто да не излегуваат без посебна потреба. Исто така и воведувањето на бесплатниот јавен превоз е мерка на ВМРО-ДПМНЕ.

И Зоран Заев ветуваше кај стигне чист воздух па дури и во Берово. Откако поминаа изборите првата мерка што ја превзема неговата влада беше укинување на Денот на дрвото која придонесува за намалување на загаденоста. Еве уште некој месец ќе дојде една година како што Заев е на власт, а тој нема засадено ниту едно дрво.

Шилегов во една од своите пресконференции ги обвини граѓаните дека се виновни зошто воздухот е загаден и кажа дека мора да се откажат од својата удобност. Исто така Шилегов ги обвини и сите оние граѓани кои протестираат дека од загадувањето на воздухот прават “реалити шоу“ а додека беше опозиција не му беше реалити шоу да протестира и низ улиците на Скопје. Исто така оваа власт ќе остане запаметена дека е единствената во светот што си протестира против самата себе кога се работи за воздухот. Наместо да седнат да засукаат ракави и да се фатат со решавање на конкретни проблеми тие излегуваат на протести, а решението зависи од нив самите.

Додека лагите и безцелните ветувања на СДСМ, Шилегов и Заев испливуваат на површина, граѓаните се повеќе ги чуствуваат последиците од загадениот воздух а болниците се преполни од пациетни со распираторни заболувања. 

Најнови вести