недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СДСМ глуми демократија за да го покрие неработењето

СДСМ глуми демократија за да го покрие неработењето

Во период кога јавноста е сведок на хаос во сите сфери, на јавноста и се сервираат апсурдни внатре партиски полемики во рамки на СДСМ или расправи на релација СДСМ и ДУИ.

Доколку на Зоран Заев приоритет му се реформите и ефикасното работење на Владата, ваквите недоразбирања се одлучуваат многу брзо и во полза на граѓаните без беспредметно заморување на јавноста со ирационални дискусии.

Неодамна градоначалникот на Куманово влезе во жестока расправија со министерката за труд и социјална политика, откако таа блокирала две донации и преземање на интеграции за две детски градински од Куманово.

По неодамнешното блокирање на донации и преземање на ингеренциите за две детски градинки од Куманово од страна на Министерството за труд и социјална политика водено од Мила Царовска, Максим Димитриевски излезе со малце поостар речник кон Царовска во емисијата на 1ТВ на прашање на Чомовски дали Царовска му се нафрли затоа што се партиски конкуренти па затоа ги блокира донациите и ги зема ингеренциите за две детски градинки, тој возврати со напад врз Царовска.

Димитриевски со доза на цинизам кажа дека некој министри не размислуваат пред да потпишат нешто, алудирајќи на Царовска, тој меѓу другото кажа:

„Не, видете секогаш имаме министри кои што не размислиле убаво за нивните одлуки пред да ги потпишат. И верувам дека и ова е ваков случај. Уште ја немам видено одлуката. За жал ние решаваме на голем број на социјални проблеми на локално ниво. И претпоставувам министерката сака да бира директор во име на градоначалникот. И ако ја сака таа обврска или одговорност да ја преземе на себе нека го направи тоа. Јас немам ништо против“.

По ова, градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, вчера упати повик министерката за труд и социјална политика Мила Царовска уште еднаш да ги преиспита сите свои одлуки поврзани со одземање на ингеренциите на Општина Куманово за градинката ­­­„Ангел Шајче“, да го укине решението и надлежноста да ја врати на Општина Куманово.

Димитриевски побара од министерката Царовска таа јавно да се извини.

– Решението за одземање на ингеренциите на Општина Куманово за градинката ­­­„Ангел Шајче“ од министерката за труд и социјална политика Мила Царовска е неиздржано, селективно, пристрасно, тенденциозно и има за цел директно да го инволвира Министерството во изборот на директорот. Ја повикувам министерката Царовска, која има направено голем пропуст, да го преиспита ова решение, да го повлече, бидејќи општина Куманово не заслужува ваков третман – рече Димитриевски.

Случај пензински фондови: Дали СДСМ врши политичка пресметка со ДУИ?!

Министерството за труд и социјална политика вчера соопшти дека до Основното јавно обвинителство доставува кривична пријава против непознат сторител и сите документи од анализата на пензискиот систем со која беа откриени неправилностите во распределувањето придонеси за дел од идните пензионери.

Нејасно останува како после толку детални анализи сторителот на ова дело останува непознат, ако се има предвид дека станува збор за државни институции за кои точно се знае кој ги раководел во тој временскиот период, кога настанало делото за кое се поднесува кривична пријава!?

Според упатените на овој начин СДСМ врши политичка пресметка со својот коалициски партнер ДУИ, од каде и доаѓаа директорите на Фондот за пензинско и здравствено осигурување во периодот кога се направени неправилностите.

– Темелните истражувања на пензискиот систем кои ги направи Министерството за труд и социјална политика со Меѓународните финансиски институции за првпат по 12 години откри дека кај 12.000 осигуреници уплатените придонеси останале само во државниот пензиски столб. За нив воопшто не се распределувале средства во приватниот (втор) столб, иако осигурениците ги исполнувале условите. На овој начин директно им било скратено правото за остварување повисока пензија на овие 12.000 идни пензионери. Така, еден осигуреник со просечна плата има изгубено околу 95 илјади денари во период од 2007 до 2018 година, се наведува во соопштението на МТСП.

Социјалните мрежи вријат откако Филипче призна дека не ја вакцинирал внуката: „Оставка и одговорност, а не лажење“ (ФОТО)

Откако во неделата министерот за здравство, Венко Филипче во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека вакцинирањето на неговата внука било со цел да ги увери граѓаните дека вакцините се безбедни, но и дека таа е се уште мала и не може да биде вакцинирана од МРП, граѓаните остро го нападнаа министерот.

Социјалните мрежи речиси „вријат“ откако Филипче призна дека неговата внука Илина не била вакцинирана од МРП иако тоа го тврдеше преку фотографија на социјалните мрежи.

-Попаметно е да ќутиш и ништо да не кажуваш.

-Од кога дедовци носат деца на вакцинација? Мајката му дала полномоштво да и го вакцинира детето?

-Абе за ова во нормална држава и да одговараш би требало…

-За тебе вакцина за лажење, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Инаку во неделата министерот за здравство, Венко Филипче во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека вакцинирањето на неговата внука било со цел да ги увери граѓаните дека вакцините се безбедни, но и дека таа е се уште мала и не може да биде вакцинирана од МРП.

„Секогаш е добро да се покаже со личен пример дека нешто е вистина, дека нешто е вистински чекор и дека нешто е вистинска политика. И во таа насока беше вакцинирањето на мојата мала внука, која е се уште мала и не може да биде вакцинирана од МРП, меѓутоа и објавата беше во насока на тоа дека ние како здравствени власти ги уверуваме сите граѓани, родителите на малите деца дека вакцините се безбедни. Процесот на вакцинација е апсолутно безбеден, дека тоа е вистинска инвестиција во здравјето на децата. Мојот чин беше во однос на сите овие аргументи“, изјави Филипче.

Пратениците од СДСМ нема да го поддржат зголемување на платите на вицепремиерите.

,,Бенефиции ќе има исклучиво за граѓаните, функционерите имаат доволно права и бенефиции согласно закон, ова вчера го потенцираа од пратеничката група на СДСМ.

Инаку со предлог закон за покачување на платите на вицепремиерите тие треба да земат повисоката плата за 8 илјади денари.

Со измените на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, коефициентот за утврдување плата на заменик претседател на Влада ќе се пресметува со коефициент 4 наместо 3,70.

Согласно ова, разликата во платата ќе изнесува 8.027 денари во бруто изнoс или за 5 вицепрмеиери, Хазби Лика, Кочо Анѓушев, Бујар Османи, Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски, за 12 месеци 481.620 денари.

Најнови вести