Со најновата пресуда за случајот „Талир2“ власта директно атаува и врши политички прогон врз опозициската ВМРО-ДМНЕ. СДСМ е свесна за својот слаб политички рејтинг во однос на ВМРО-ДПМНЕ која е на врвот. Политичките мерења и анкетите јасно укажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ужива најголема доверба од граѓаните во однос на СДСМ.
Очигледно дека СДСМ ја губи контролата и врши директен напад со цел компензација за нејзиниот слаб политички рејтинг.
Според последната анкета на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) објавена на 08.05.2022 пред само еден месец ВМРО-ДПМНЕ има апсоултна и убедлива предност од 5% во однос на СДСМ. Според резултатите од анкетата на прашањето за која партија би гласале доколку следната недела има парламентарни избори, 21,2% од испитаниците се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ, а 16,2% за СДСМ.
Една недела подоцна ИПСОС објави анкета од најновиот рејтинг на политичките партии каде политичката партија ВМРО-ДПМНЕ има 11% предност пред владејачката СДСМ.
Според неа, доколку утре се одржат парламентарни избори за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 22% од граѓаните а за СДСМ нешто помалку од 13%.
Резултатите од најновите политички мерења и анкети доведуваат до заклучок дека СДСМ тотално ја има изгубено контролата и напразно атакува и политички ја прогонува ВМРО-ДПМНЕ во обид за зголемување на сопствениот рејтинг.