четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„СДСМ и ЕСМ три години не објавија ниту еден тендер, а откако се закажаа изборите објавија јавна набавка на помошна механизација во РЕК Битола“

„СДСМ и ЕСМ три години не објавија ниту еден тендер, а откако се закажаа изборите објавија јавна набавка на помошна механизација во РЕК Битола“

Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук објави анализирање на некои покарактеристични набавки на ЕЛЕМ како што е набавката на помошната механизација за рудниците во РЕК Битола.

-Јавна набавка на помошна механизација за ПЕ Рудници (РЕК Битола)

Во последните денови од минатата 2019 година кога се објавија голем број на јавни набавки од сите државни институции, интересно е да се проанализираат некои покарактеристични набавки на ЕЛЕМ, како што е набавката на помошната механизација за рудниците во РЕК Битола.

Секако дека ископот на јаловина со помошна механизација е важен елемент за непрекинато работење на рудниците за јаглен. Оваа активност е започната уште во далечните 90-ти години. Во тоа време кога на власт беше СДСМ започнаа ангажмани на услуги од надворешни компании и први такви компании беа на еден градоначалник на Битола од редовите на СДСМ и уште две-три други компании. Во услови на немање на сопствена механизација, тогашното Електростопанство на Македонија беше приморано да најде решение. За ваквиот проблем постојат две решенија:да се набави сопствена механизација или да се ангажираат надворешни компании за услуги за ископ на јаловина и транспорт на јаглен.

Власта предводена од СДСМ го одбра второто решение, односно да ангажира надворешни компании за ископ на јаловина и транспорт на јаглен. Заради ваквите одлуки во текот на овие триесетина години колку трае ангажирање на надворешни компании, од ЕЛЕМ се имаат прелеано повеќе стотици милиони евра во приватните џебови на неколку поединци. Компаниите кои тогаш се појавија, а покасно уште неколку други, опстојуваа цело ова време и направија милионски профити на штета на Електростопанство на Македонија (потоа ЕЛЕМ и сега ЕСМ).

Ваквата постапка на работа ја затекна ВМРО-ДПМНЕ кога прв пат дојде на власт во 1998. Методите на вакво недомаќинско работење уште поинтензивно продолжија со повторното доаѓање на СДСМ на власт од 2002 до 2006 година. После 2006 година кога ВМРО-ДПМНЕ повторно дојде на власт, согледувајќи ја општествената штета од ваквото решение, започна со постапки за изработка на соодветен рударски проект за решение за ископ на јаловина и транспорт на јаглен. Тоа резултираше со изградба на Главен транспортен Систем (ГТС) за транспорт на јаглен од рудникот Брод Гнеотино до депонијата во Суводол за елиминирање на траспорт на јаглен со камиони. Рударскиот проект даде решение за набавка на помошна механизација и главна рударска опрема (ротобагери, бандвагени) со соодветни технички квалитети и количини. Според рударскиот проект се изврши технички дијалог со заинтересирани компаниии од светски ранг со што се објави Јавна набавка 01-54/2016 за помошна механизација.

Но, во 2017 година се изврши смена на власта и повторно на власт дојде СДСМ. Како прв приоритет на таа власт беше да го поништи веќе објавениот јавен повик само на пет дена пред крајниот рок за доставување на понуди од заинтересираните компании. Секако како “Mastermind” на оваa операција беше тогашниот вице-премиер за економски прашања Кочо Анѓушев , а генералниот на ЕЛЕМ го спороведе сето тоа. Анѓушев даде и изјава за јавност каде што вели дека постапката ќе запре и дека ќе оди во посебна владина процедура, а генералниот донесе одлука за поништување на постапката со образложение дека настанале непредвидени промени во буџетот кај Договорниот орган. Образложение кое е многу наивно за ваков чин – немале доволно финансиски средства.

https://m.mkd.mk/…/vicepremierot-angjushev-bara-da-se-stopi…

Кога СДСМ го презеде управувањето на ЕЛЕМ во 2017 година и според јавните изјави, ЕЛЕМ беше во одлична финансиска состојба, без никакви долгови кон други компании и со пари на сметка преку 20 милиони евра.

Три години од 2017 до 2020 година, СДСМ и раководството на АД ЕСМ не објавија тендер ниту за помошната механизација, ниту за главната рударска опрема. Сега откако се закажаа изборите, актуелната власт и АД ЕСМ објавија јавна набавка 15192/2019 за помошна механизација. Тоа е единствено добро што е сторено во периодот на нивното работење, но дали во сето ова има нешто добро?

Ако се споредат јавната набавка 01-54/2016 од 2017 година и оваа сега под број 15192/2019 година, ќе се види дека има простор за сериозни забелешки во количините и квалитетот на опремата што се набавува. Споредбата е дадена во табелата, и тоа само на оние позиции кои се објавени во јавната набавка од 2017 година, споредени со сега објавената набавка бр 15192/2019.
Споредбена табела на опрема предвидена во 2017 и 2020 година

*Точен преглед на табелата на сликата подолу

Табелата е неприкосновена во фактот дека три години СДСМ ништо не работеше туку се користеа услуги од надворешни компании веројатно за лични интереси на поединци, а сето тоа на штета на буџетот и граѓаните на Македонија.
Во ваква ситуација се поставуваат прашањaте:

Што чекаше СДСМ три години за да го објави тендерот кој го поништија во 2017 година?

Зошто основното барање за камиони ги намалува на вкупно 7 додека потребата и објавата од 2017 година вели дека се неопходни 28 камиони?

Дали е ова повторно манипулација само замајување на македонскиот народ пред избори?

Дури и сега се користат преку 30 камиони од приватните компании, па прашање е зошто се набавуваат само 7 камиони во оваа јавна набавка?

Дополнително на ова, се наметнува прашањето:
Зошто е потребна оваа набавка кога Владата на СДСМ на својата 174-та седница во декември 2019 година ја усвои Стратегијата за развој на енергетиката на Македонија за периодот од 2020 до 2040 година, во која има три сценарија и во нив се вели дека РЕК Битола престанува со производство во 2025 година??

Треба да се види како ќе заврши оваа јавна набавка 15192/2019, посебно евалуацијата на понудите, бидејќи дефинираните услови во набавката се конфузни и збунувачки, па даваат можност за произволни толкувања на критериумите кои не се еднозначни, што може да предизвика преферирање на одреден економски оператор.

А, можеби токму тоа е и целта???!, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Најнови вести