Ситуација со КОВИД-19 и понатаму е алармантна во државата. Граѓаните секојдневно се сведоци за неажурноста и незаинтерсираноста на властите за здравјето на граѓаните. Доказ за тоа е и кандидатот за градоначалник на Штип од СДСМ, Сашко Николов.
Николов кој по професија е медицинско лице како кандидат за градоначалник на Штип во секојдневните негови ветувања, изјави може да се забележи дека не нуди никаква здравствена заштита на граѓаните во овој период на пандемија.
Имено од почетокот на пандемијата до денес во Штип има приближно 3.000 лица кои заболеле од вирусот и се наоѓа во првите 5 града во државата со највисока бројка на заразени. Но, не само тоа туку и граѓаните се сведоци дека во Штип секојдневно има голем број на заразени, скоро сите одделенија во штипската болница се полни, нема доволно боци за кислород слично.
Самиот факт што е период на пандемија, а властите одлучија дека по секоја цена треба да се одржат изборите во Штип покажува колку ним им е важно здравјето на граѓаните.