Регионалното здружение Тиквешки лозаро овоштари на прес конференција реагираа поради лагите кои им ги пласираат од владата поради ниската откупна цена на грозјето, неисплатените субвенции уште од пред три години, измамата со откупеното грозје за вински дестилат а сега преработено во вино од некои винарии, катастрофалното менаџирање со водостопанското претпријатие кое не може да им достави вода на земјоделците, како и стратегијата за откуп и цената за реколтата 2021 година.
Со владата требаше да разговараме денес, меѓутоа по којзнае кој пат избегаа од средба со лозарите и истите ги оставаат во неизвесност за тековната производна година. Лозарите реагираат што и СДСМ за три години смени тројца министри за земјоделство кои биле непознавачи на приликите на целокупното земјоделие во државата.